речник контакт

Со показни вежби, пожарникарите го одбележаа нивниот ден 20 мај (фото и видео)

Беа изведени четири вежби, сите со спасување на лица од височина

Петар Печков

Со показни вежби, одржани во Градскиот парк, велешките пожарникари го одбележаа 20 мај, денот на пожарникарите. Тие ја покажаа нивната подготвеност и умешност да се справат во кризни ситуации, во било кој дел на градот и начинот на живеење.

„Велешката противпожарна единица е секогаш подготвена да даде помош на терен, на луѓе, на имот, за сите предизвици кои ни се поставени. Имаме 33 пожарникари, 11 возила -џипови и  камиони. Или опрема за секаков предизвик“ - рече Димче Јованов командир на вод во ТППЕ Велес.

Изведувајќи ги нивните показни вежби, тие наидоа на аплаузи од присутните, најмногу деца кои се воодушевија од тоа што го видоа.

„Изведуваме четири вежби, сите се со спасување на лица од височина. Покажавме скок на душек, спуштање низ спусница, спуштање со скала  на повреден од први кат, спуштање со самоспасувачко јаже“ - додаде Јованов.

На присутните им беше изложена и дел од опремата и возила со кој ТППЕ Велес располага.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »