речник контакт

Со полициска кола удрила во пет паркирани возила

Сведоците: полициското возило ги удри паркираните автомобили, полицијата: истрагата ќе покаже кој е виновникот

Петар Печков

Сообраќајка во која учествувало полициско возило,о штетило пет паркирани возила на влезот во Велес. Сообраќајката се случила во четвртокот наутро,  во 5,20 часот кога возило кое го управувал полициски службеник удрило и направило висока материјана штета врз автомобилите кои биле паркирани на улицата Димитар Влахов, близу некогашниот хотел Вила Зора.   

Полициската кола доаѓаше  од влезот на Велес, и ненадејно премина на другата страна од коловозот и удри во четири паркирани автомобили. Дали возачот заспа, дали нешто гледаше на друга страна,  но без причини премина и ги удри. Автомобилите се доста оштетени - вели велешанец кој живее во близина на инцидентот. Од МВР го потврдија настанот, но не прецизираа кој го предизвикал инцидентот.

Истрагата ќе каже кој е виновникот - изјавија кратко од  МВР. Дополнија дека во сообраќајката учествувале полициско возило марка ,,фолксваген,, и пет патнички коли сите со велешки регистарски таблички ,,југо``,, матис`` фијат уно`` ,, опел омега``  и ,,голф``.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »