речник контакт

Со пораз ФК Борец ја заврши натреварувачката сезона од Првата лига

ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ФК БОРЕЦ 3:1 (2:1)

Петар Печков

Стадион спортски ценатар Пандев Струмциа

Судија:Стојанче Трпчевски (Кавадарци) 

Стрелци: Манев 13`, Велиновски 25` и 49` за ФК АП и Трајковски 49`

ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Јовановски, Ферати, Илиев, Јованов, Крстевски, Манев, Мартинага, Радевски, Серафимов, Стоилов, Велковски

ФК БОРЕЦ 1919: Георгиевски , Баша, , Ефтимов,Мишов, Османоски,  Ристовски,  Шиков, Силва, Стоименовски, Талаков, Трајкоски   

Со пораз велешки Борец ги заврши натпреварите од Првата фудбалска лига, сезона 20/21. Во последното коло во Струмица е поразен од екипата на ФК Академија Пандев со 3:1 (2:1).

Натпреварот за ФК Борец немаше никаково значење, додека за домаќините само победа им обезбедуваше опстанок. И во таква состојба, струмичани со головите на Манев 13` и Велиновски 25 поведоа со 2:0 додека Трајкоски во финишот на првото полувреме 42` намали на 2:1. Велиновски на отворањето на второто полувреме 49` го постигна неговиот втор гол, зголеми на 3:1, резултат кој на крај беше и конечен.

ФК Борец по овој пораз падна за едно место на табелата и го освои конечното 8-мо  со 40 бода. Обезбеден е опстанок во една труболентна полусезона, втората,  кога од бораба за висок пласман дојде да се бори за опстанок.

Нов првак е ФК Шкендоија, од лигата испаѓаат ФЛ Беласица и ФК Вардар, додека ФК Силекс и ФК Ренова ќе играат бараж за опстанок со ГФК Охрид Лихнидос од Втора лига  Запад и ГФК Тиквеш од Кавадарци од Исток. Настап во Европските купови обезбедија ФК Шкупи и ФК Струга ТЉ. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »