речник контакт

Со претставата ,,Елешник,, четврток вечер, велешки театар ја започнува сезоната 2019-та

До крајот на овој месец ќе се прикажат седум претстави. Започнати се пробите за првата премиера претставата ,,Кредит,,

Петар Печков

Четврток вечер, со претставата ,,Елешник,, работена на текст од Југослав Петровски а во режија на Елеонора Теова, започнува новата театарска година во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,. 

Веќе следниот ден е претставата ,,Синиот портокал,, која лани беше прикажана и во Софија и Загреб а се игра на мала сцена. Таа е по текст на британскиот автор Џон Пенхол а во режија на Александар Ивановски.   

Познат е репертоарот до крајот на месецов. Сомнително лице на Нушиќ а во режија на Венцислав Донев ќе се прикаже вторник 22 јануари, четврток  24-ти јануари е најиграната претстава во 2018-та ,,Тоалет за дами,,.

Сабота 26 јануари е за претставата ,,Спанаќ со пржени компири,, која повторно се враќа на сцената а на 29-ти јануари е ,,Театар љубов моја,,. Сите претстави почнуваат во 20 ч. 

Во  театарот во тек се пробите за првата годинешна премиера  претставата ,,Кредит,, во режија на Ненад Витанов со Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »