Петар Печков
Објавено: петок, 07 февруари 2025
Сабота вечер, од 20ч. на малата сцена на велешки театар премиерно ќе се изведе претставата „Мајка“. Режисер е Јордан Витанов, драматург Сашо Димоски. Со оваа претстава актерката Зорица Панчиќ одбележува 30 години на театарската сцена.
„А нам ни останува само споменот на оние утра кога станувавме толку рано за да им направиме појадок, лепчиња со путер и млеко. А потоа одевме на училиште. Чекоревме по утринските улици, еден до друг, ја носевме малата ученичка чанта за да не се изморат тие премногу. Малите принцови. А пред училиштето тие нѐ гушкаа со толку доверба. Со толку нежност. Потоа исчезнуваа во училишниот двор, со другите синови кои исто така еден ден ќе ги заборават своите мајки за да си го живеат својот живот“- кажа Панчиќ за улогата која ја толкува.
Освен неа, во претставата настапуваат Васил Зафирчев, Сандра Танчева и Кире Ацевски. Сценографијата е на Јордан Витанов, костимографија на Раде Василев, избор на музиката на Сашко Костов.
Претставата е работена по текст на Флоријан Зелер, современ француски романсиер, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер. Автор е на трилогијата „Мајка –Татко-Син“. Велешки театар во 2022 година го постави неговиот текст „Татко“. По овој роман е снимен истоимениот филм со Ентони Хопкинс и Оливија Колман.
Tweet |