речник контакт

Со ретроспектива на работата, Божо Јовиќ замина во пензија

Тој учел повеќе од 10 илјади ученици а магистрирал на московскиот Ломоносов

Петар Печков

Божидар Јовиќ замина во пензија. Со презентација на неговата работа и живот во седум минутна слајд презентација тој на кратко им се претстави на сега веќе поранешните колеги од локалната власт во Општина Велес. 

Роден е 26 декември 1949 година, во Србија. Од 1955 година  живее во Оризари. Има завршено Филолошки факултет  Блаже Конески катедра македонски и руски јазик. Магистрира  1990 година, на светски познатиот универзитет Ломоносов во Москва.

Првото вработување му е наставник во селото Оризари, за потоа да биде професор, директор и да  се пензионира како  просветен инспектор во образование.

 Меѓу десетте илајди ученици кои ги учел има и тројца генерали на АРМ, светски познат музичар, виолинист велешанец во Љубљана, ккао и стотици други познати имиња во Велес и Македонија

Неговите колеги за Божо рекоа дека е ретко добар работник, колегијален,  вреден, трудољубив. И му посакаа  долги години да ја троши пензијата аза да ги мине деновите исполнето, му подарија фото апарат. Да ги овековечува моментите што му се интересни и значајни.

Тој им вети дека  се додека може ќе доаѓа на секое пошумување, каде предничеше во засадувањето на садници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »