Петар Печков
Објавено: четврток, 20 февруари 2025
Нескршливото момче е премерно пред велешани, како и во светските кина. Како и секое друго момче, Остин сака пица, филмови и забава. Но, за разлика од повеќето врсници, тој страда од ретката болест на кршливи коски и има нарушување од аутистичниот спектар. Сепак, Остин не дозволува ништо од тоа да го запре. Во неговиот свет, кршење коска на грбот е само мал проблем, а потрагата по најдобриот шејк од јагоди може да му биде најубав ден во животот. Патувањето на Остин нѐ потсетува дека чуда се можни, дека надежта никогаш не умира и дека секој ден може да најдеме радосни мигови во кои треба да уживаме.
Филмскиот хит, Храбар нов свет најгледаниот филм во светот изминатиот викенд, е четврто продолжение на Марвеловиот серијал Капетан Америка и воедно прв филм во кој титулата Капетан Америка ја презема Сем Вилсон (Ентони Мекки), познат како суперхеројот Фалкон. Стив Роџерс, поранешниот Капетан Америка, својата титула и легендарниот штит му ги остави на својот пријател и помошник на крајот на филмот Одмаздници: Завршница. Го замени Сем Вилсон, новопечениот Капетан Америка кој се обидува да се привикне на својата нова титула. По средбата со новоизбраниот претседател на САД, Тадеус Рос, кого во своето деби во филмскиот универзум на Марвел го глуми Харисон Форд, Сем ќе се најде среде меѓународен инцидент. Тој треба да ја открие причината за злокобниот глобален заговор пред вистинскиот мозок на операцијата да го натера целиот свет да „гледа црвено“.
Најгледаниот филм во Британија и Ирска измиантиот викенд, кој допрва ќе се прикажува во САД е Бриџит Џонс, луда по него. Нашата омилена Бриџит сега е вдовица и самохрана мајка, балансирајќи помеѓу семејството, пријателите и (изненадување!) повторно Даниел. Со враќањето на работа и апликациите за запознавање, таа привлекува помлад обожавател – но дали вистинската романса може да биде нејзината следна шанса за љубов со… наставникот на нејзиниот син. Како сама жена која живее во Лондон, Бриџит Џонс на специфичен начин го запознала светот со своите романтични авантури, а нејзината способност да триумфира и покрај неволјите ја довело до тоа конечно да се омажи за врвниот адвокат Мар Дарси и да стане мајка на нивното дете. Конечно се среќни.
Анимираниот Душичката Ели е синхронизриан на македонски. Кога малата Ели, еден бездомен женски дух ќе тропне на вратите на необичните жители на возот на духови, со намера да најде место каде што припаѓа, таа ненамерно успева да го привлече вниманието на надворешниот свет. Таа се здружува со разнобојна екипа чудовишта за да ја спаси, не само иднината на возот на духови, туку тоа е и нејзината единствена шанса конечно да има свое семејство во оваа луда акција.
Ќе се прикажат и мјузиклот „Злобница“ со Аријана Гранде и анимирано-играниот „Соник супер еж 3“.
Tweet |