речник контакт

Со светската премиера „Брзи и бесни 10“ и пред велешката кино публика (видео)

Сабота премиера на македонскиот цртан филм „Биби и Боби“

Петар Печков

Три премиери наредните седум дена во киното 3Д киноверзум. Секако најголем интерес ќе предизвика акциониот „Брзи и бесни 10“ со Вин Дизел. Се прикажува секој дeн во вечерниот термин. 

Премеира има и американската романтична драма „Повторно љубов“ во којa меѓу другите игра и пеачката Селин Дион. Млада девојка се обидува да си ја олесни болката која ја чувствува откако нејзиниот вереник гине, со тоа што праќа пораки на неговиот стар број и формира  несвесно врска  со човекот кој го добива неговиот број. Ќе се прикажува петок и понеделник во попладневниот термин. 

Голем интерес секако ќе има и за новите авантури на „Биби и Боби“ – Пролетна магија, кој ќе се прикажува сабота, недела,  вторник и среда во попладневниот термин. Филмот е македонска анимација, синхронизиран на македонски, трае 30 минути.

 светот, веќе две недели  СФ авантурата „Чувари на галаксијата 3“.Сѐ уште тажен и гневен по смртта на Гамора, Питер Квил го собира неговиот тим да го одбранат универзумот, мисија која може да биде крајот на Чуварите ако не се успешни. Aмерикански филм за суперхерои од 2023 година заснован на суперхеројскиот тим на Marvel Comics, Guardians of the Galaxy, продуциран од студиото Марвел, а дистрибуиран од Walt DisneyСе прикажува сабота во  попладневниот термин. 

Американската романтична комедија „„Клуб на задоволни жени - следно поглавје“ продолжение на хит филмот од 2018 Клубот на задоволни жени.  Приказната го  следи патувањето на четири пријателки во Италија, на едно женско патување. Во филмот играат : Дајан Китон,  Џејн Фонда, Мери Стинбурген и Кендис Берген. Ќе се прикаже понеделник.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »