речник контакт

Со спасување на повредени одбележан Денот на пожарникарството

Велешани видоа спасување станари од запален стан во зграда, спасување на моторциклист при сообраќајна незгода и спасување повреден од автомобил при сообраќајна несреќа

Петар Печков

На Плоштадот Сармаале  Територијалната Противпожана единица од Велес со три показни вежби пред граѓаните го одбележа Денот на пожарникарството во Република Макаедонија, 20- мај. Беа демонстрирани спасување станари од запален стан во зграда, спасување на моторциклист при сообраќајна незгода и  спасување на повреден од автомобил при сообраќајна несреќа.

Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ од Велес порача  до граѓаните  дека со оваа вежба тие  покажале на дело како  Единица  дека се подготвени за интервенција 24 часа. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев ја оцени како одлична интервенцијата на велешките пожарникари и најави дека се работи на нејзино до опремување, како и набавка на глисер за интервенции на вода. Ќе се залага и за до екипирање на Единицата со млади кадри.

Претставници од противпожарната единица на Велика Британија  им доделија сертификати на некои од македонските пожарникари кои пред неколку месеци беа на обука. Како што нагласи координаторот на пожарникарите- претставници од Велика Британија, Пол Гетс, тие со велешките пожарникари, како и во изминатите неколку година и оваа недела ќе работат на обука и усовршување на разни техники и ситуации при спасување во пожари,сообраќајни незгоди и слично.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »