речник контакт

Со средства од ЕУ ќе се гради колекторски систем и пречистителна станица за отпадни води во Велес

Поради комплексноста и специфичноста на теренот, реализацијата на проектот би траела подолг временски период а би започнала со изведба 2023 година

Петар Печков

Одлуката била донесена и ЕУ ќе го финансира капиталниот проект, за реализација на изградба на пречистителна станица со колекторски системво Велес.  Тој ќе  биде преку ИПА 3 програмата  на Европската Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина, а  Општина Велес е вклучена заедно со Општина Штип.  

Според проектната документација  вредноста е помеѓу  23,5  до 24 милиони евра. Ако се биде според планираното неговата реализација би започнала   2023-та а истата поради комплексноста и специфичноста на теренот би траела  подолг временски период.  Проектот ќе ги води Министерството за животна средина.   

„Со проектот треба да се прифатат сите  отпадни води од левата страна на реката Вардар, да се постави цевка под реката, близу автобуската да се префрлат на другата страна од реката. Потоа со колектор, заедно со тие од десната на градот, да се носат под Крзнарата. Со основниот проект е предвидено да се прифатат отпадните води и од блиските села, вклучувајќи го и Горно Оризари“  - кажа градоначалникот Аце Коцевски.  

Обидот да се решат отпадните води и канализацијата кои директно се влеваат во Вардар, преку колекторски систем и пречистителна станица, пред 20-тина  година со кредит од Португалија  пропаднаа.   За негово решавање требаа многу пари а градот е поделен на два дела и  треба да се градат два паралелни системи, за левата и десната страна од градот.

Иако странците подолго време работеа на проектот, но едно биле работите на хартија, кога дошле во Велес виделе дека има непремостлива препрека, градот е распослан на два брега а странците  правеле пресметка без крчмар, само за едната страна, па Португалците се повлекоа.

ТрМр го праша градоначалникот што се случи соа трите  силно најавувани проекти, од јуни 2020-та со кои беше предвидено да се бараат средства за кеј на ректа Вардар, осветлување и хортикултурно уредување на Спомен Костурница и гурмански центар во дворот на поранешниот Хотел Вила Зора, Коцевски кажа:

„Проектот за кеј на реката Вардар во висина од 450 илјади евра, е на листа на чекање. Се планира да се скратат средства од другите проекти,за да овој нашиот помине“ - рече Коцевски. Не минал проектот за  Спомен Костурницата, додека за гуранскиот центар немаше одговор.   

За овие  проекти се конкурираше   за средства од   Европската програма ИПА ИНТЕРРЕГ за преку гранична соработка, во случајот со Грција. Проектите беа предвидени да се  реализираат со соработка со градот  Лерин, збратимениот град Термаикос и  институции од Солун.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »