речник контакт

Со средства од Министерството за култура ќе се инвестира во локалната библиотека и ќе се гради Дом на култура во Чашка

Предвидено е да се постават фотонапонски панели на локалната библиотека „Гоце Делчев“

Петар Печков

Министерството за култура додели 50 милиони денари за поддршка на проекти од областа на културата во 11 општини од Македонија. Меѓу нив се и Велес и Чашка. Тие средствата ги добиваат по поднесени апликации.

Во Велес ќе се постават фотонапонски панели на локалната  библиотека „Гоце Делчев“. На овој начин објектот ќе може да ја користи сончевата топлина за енергија. (во објавата не е прецизирана вредноста која ќе биде доделена за овој проектот).

Општина Чашка ќе добие Дом на културата. Со 9,5 милиони денари кои ги доби Чашка за изградба на Дом на културата, во центарот на населбата, објектот ќе може да се доведе до карабина. Објектот ќе биде на површина од 1.100 метри квадратни на два ката, со мултифункционална сала, мала сала, библиотека, простории за невладин сектор, појасни градоначалникот Горан Стојановски

Општина Демир Капија добива околу 3 милиони денари за реконструкција на музејот каде ќе се создаде простор за креација, а според градоначалникот Лазар Петров, на тој начин се чува традицијата во ова мало гратче.

Средствата се доделуваат за обнова на стари, руинирани домови на културата, изградба на нови, уредување и доуредување на културни објекти,  за што за 11 општини Министерството за култура  одвои 50 милиони денари за поддршка.

Средства добија и проектите од  Битола, Крушево, Кривогаштани, Дојран, Богданци, Маврово и Ростуше, Делчево и Чучер Сандево.  Овие 50 милиони денари се од програмата за користење капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »