речник контакт

Со упат за болница, сведокот Бреза се оправдува за отсуство пред велешки суд

Бранителот тврди дека Арсовски е болен а како доказ нуди упат за во болница

Петар Печков

Судскиот процес за давањето лажен исказ од Златко Арсовски никако да започне. Обвинетиот во јавност познат како  заштитениот ,сведок ,,Бреза,, од случајот убиството во Ореше,   не се појавува во велешкиот суд оти е  болен.

Но ова не го докажува со специјалистички наод ,  туку со обичен упат за лечење во Болница. Вториот документ што го понуди за неговото отсуство  е фотокопија од потврда за лекување без датум.  Неговиот адвокат даде објаснување зошто Арсовски не доаѓа на главната расправа во Основен суд Велес.

 Мојот клиент ме информира дека му се лошело, не можел да ја следи расправата и процесот. Тој е упатен на клиника на лекување – рече адвокатот Ангеле Илиевски бранител на  Арсовски. Поради ова побарано е вештачење од невропсихијатар дали ,,Бреза,, може да ја следи расправата и судењето и дали неговата моментална здравствена состојба влијае на ова.

Судската пракса од ваквите вештачења во Основниот  суд во Велес покажува   дека за наодот се чека и по година дена.

Златко Арсовски е обвинет дека дал лажен исказ   како сведок  во  судскиот процес убиството во село Ореше.  Арсовски првично, по негово кажување на овластени  службени лица им кажал каде  е рамка од пушка  која му била посочена од Ѓоре Петровски каде е  фрлена во провалија близу селото, по што е најдена во фаза  на корозија. 

Во сведочењето на  судот неговиот исказ бил целосно изменет,  велејќи дека не е точно дека Ѓоре му се   јавувал, му давал инструкции каде е рамката, каде е пушката со кој треба да се  пука.  Златко завршил  со зборовите ,,такво нешто нема,,.  Во досегашните три обиди за почеток на главната расправа Арсовски не беше  присутен два  пати а еднаш неговиот бранител.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »