речник контакт

Со хет трик на Ѓорѓиевски, ФК Борец забележа победа

Победа и за футсал екипата, пораз за фудбалерките

Петар Печков

Лидерот на Втората фудбалска лига Исток со 3:0 славеше над екипата на ФК Партизан од Обршани  која е осмо пласирана од десет екипи со 13 освоени бода. Сите три гола за велешани ги постигна Марко Ѓорѓиевски, со што ФК Борец 1919 се зацврсти на врвот од табелата со 53 пет повеќе од второпласираниот ФК Тиквеш.Во следното коло, би требало да имаат лесно гостување во Неготино против ФК Вардар кој е претпоследен.  

Во Првата футсал лига КМФ Велес поебди против МКФ Железарец со 10:3 и остана на второто место. Во следното претпоследно коло гостува на лидерот ФК Шкупи, кој е веќе и нов шампион на Македонија.  Извршена е ждрепка на 1/4 финале од Купот а велешани играат со Мал Ајакс. 

Се играше и 18-тото коло на Првата лига фудбал -жени. Фудбалерките на ЖФК Борец гостуваа во Струмица на четврто пласираната екипа на ЖФК Тиверија и загубија со 10:0.  Во следното коло  повторно гостуваат, овој пат во Тетово на деветто пласираната екипа на ЖФК Тетово  2017.  Велешанки се претпоследни 13-ти со четири бодови. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »