речник контакт

Со шампањско се славеше илјадитото освојување на Солунска глава (фото)

Сали Буранедин по илјадити пат ја освои Солунска глава. Тоа го стори во друштво на своите пријатели меѓу нив и 86 годишниот гостиварец Гојко Геговски

Петар Печков

Со  шампањско на 2,5 илјади метри надморска височина скопјанецот Сали Буранедин, заедно со неговите пријатели го одбележа илјадитото искачување на овој планински врв. По стрмните сртови и кози патеки, педесетина пријатели и поддржувачи на Сали минатата недела го искачија највисокиот врв на планината Јакупица.. Вели дека можеби за некого не е многу, но за него е тоа цел живот посветен на оваа планина. 

Планинарењето ме исполнува, ми два спокој и мир. Заедно со пријателите тука на височините е бескрајно мирно, тивко, како на друг планета во друг свет - вели Сали кој има 67 години и е пензионер а член на ПД .,,Бистра,, од Скопје. 

Работниот век го минал во  Владата, во службата за  општи и заеднички работи.  Помни дека за прв пат на врвот висок 2.540 метри се искачил пред точно 42 години, на 10-ти октомври 1976-та година.  Немал желба да соборува рекорди, туку да се рекреира. За да биде оваа животна приказна уште поинтересна на врвот со него се искачи и неговиот пријател планинар, гостиварчанецот  Гојко Геговски кој има 86 години.   Солунска глава започнал да ја искачува како учесник на маратонот Богомила - Чеплес - Водно. Годинава ја започнал со 954 искачувања за да сам си постави задача есенва да го забележи илјадитото.   Така и се случи на 22 септември.  

Сали Буранедин  се искачил на Мон Блан беше највисок врв  на Европа,  бил и на Килиманџаро (5.895 м)   највисокиот врв на  Африка , како Дамаванд во Иран (5.671 м) и врвот на планината Арарат во Турција (5.137 м). Во неговата листа се наоѓаат и сите високи Балкански врвови Триглав (2.864 м) во Словенија,   Мусала (2.925 м ) и Вихрен (2.914 м) во Бугарија, Олимп во Грција ( 2.918 м) и  секако највисокиот врв во Македонија, Кораб ( 2.764 м ). Заедно со  паланчанецот Стојанче Костовски, за еден месец пеш ја изоделе граничната линија  на Македонија  во должина од  900 километри.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »