речник контакт

Собирна акција за габаритен отпад, која е бесплатна

Грааѓаните на Општина Велес може да се пријавуваат за акцијата на телефоните на ЈКП Дервен

Петар Печков

Во периодот од 25 септември до 6 октомври годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните а ја реализираат Општина Велес и ЈКП Дервен.

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 7 до 15 часот на следниов број: 043/233-768 или на моб. тел. 075 498 551 и 071 229 986

„Ги замолуваме граѓаните габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад без претходно да договорат термин за собирање“ - потенцираат од ЈКП Дервен.

Во габаритен отпад спаѓа: мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи.

Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалетни шолји, славини за вода, огледала.

Градинарска опрема – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи.

Друг габаритен отпад – ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »