речник контакт

Собирна акција за пет амбалажа во Блаже Конески (фото)

И учениците заедно со родителите и наставниците масовно се одѕваа во собирната акција

Петар Печков

Основците од ОУ Блаже Конески, масовно се  одѕваа на акцијата за собирање на пет амбалажа.  Тие  денес од дома понесоа големи количества на искористени пластични шишиња.

Тие беа собрани, за  потоа да се продадат.  Собраните средства ќе се  искористат за  набавка ан  нагледни средства за сите ученици од училиштето. Таа се организира два пати во те кот на годината.

Освен учениците, децата имаа помош и од  нивните родители а пример даваа и просветните работници, кои  исто така носеа пластична амбалажа. Слична акција ќе се организира и  за патронатот  на училиштето, само тогаш ќе се собира стара хартија. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »