речник контакт

Собран е габаритен отпад во количество од 170 м3, два пати повеќе од лани

Во Велигденската акција за чистење на домовите во Велес собран габаритен отпад колку за опремување на десетина стана

Петар Печков

Во големата Велигденска акција на чистење на велешките  домови од габаритен отпад, собрани се 170 м3 , што е двојно повеќе отколку минатата година.

Организаторите  Општина Велес и ЈКП „Дервен“ се задоволни од  успешноста  за реализацијата на  деветтата  „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. 

Во периодот на месец  април, 97 домаќинства во ЈКП „Дервен“ пријавиле  потреба од предавање на габаритен отпад. При тоа  од овие домаќинства преземени се  44 кревети, 17 делови од мебел -плакари, витрини, 12 теписи и теписони, 46 прозорци, 9 санитарии, 17 електрични и електронски уреди и  парчиња ситен мебел. Или според  проценките  на организаторите,  за да се опремат десетина стана.

Бидејќи овој вид на отпад не смее да се остава на јавни површини, со акцијата граѓаните имаа можност да се ослободат од него по легален пат без да платат ниту денар. На акцијата и претходеше известување доставено до секое домаќинство во прилог на сметката за комунални услуги - велат од Општина Велес.  Таа им се  заблагодари на граѓаните за прифаќање на овие акции и очекува  дека на јавните површини се помалку ќе се има непрописно оставен габаритен отпад.

Собраниот габаритен отпад е депониран на посебно определен простор на градската комунална депонија за уништување, а електричниот и електронскиот е предаден  на овластениот постапувач. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »