речник контакт

Собрани 580 илјади денари помош за поплавите во Србија и БиХ од Велес

Наспроти масовниот одзив за помош на Србија ,БиХ и Хрватска,по поплавите во Бугарија од неодамна, немаше акција. ТРМР праша Зошто?

Петар Печков

Уште еднаш велешани ја  покажаа нивната солидарност и големо човечко срце. Овој пат тоа беше непосредната помош за поплавените подрачја во Србија и Бих, од пред два месеци. Собрани се 580 илјади денари а вкупно волонтерска работа минале илјада часови.

Велешани како и многупати досега и овој пат успешно го положија тестот. Општина Велес и ОО на Црвениот крст од Велес уште еднаш упатуваат огромна благодарност до нашите сограѓани што направија да се чувствуваме горди на нашата земја, на нашиот град. Се надеваме дека и понатаму Велес ќе ја негува хуманоста како наша најголема доблест – рече д-р Милчо Трајков претседател ан ОО на Црвениот крст на Македонија.

Како резултат на сите активности за помош на настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина од Општинската организација на Црвениот крст од  Велес испратени се: 11.500  литри вода; 700 килограми храна,  560 килограми хигиенски средства,     55 килограми бебешка храна,   185 литри млеко,  38 пакувања памперси за деца. Или вкупно во денарска вредност 577.750 денарi. Покрај ова собрани се и 2.300 килограми облека, 170 пара обувки, кебиња, чаршафи, јамболии и слично, кои се доставени во македонскиот Црвен крст.

Во овие бројки не е ставена паричната помош која се донираше преку отворените телефонски линии, директно на жиро сметката за хуманитарна помош, како и помошта што ДТПУ „Жито“, градежното претпријатие „Делта пром“ , Јавното препријатие „Парк спорт“ и други приватни фирми кои непосредно помогнаа околу собирањето и транспортирањето на донираната помош.

Во оваа акција на терен биле и активно учество земале 35 членови на Клубот на млади на Црвениот крст, членови на Фондацијата Фокус и 21 претставник од јавните претпријатија и локални установи, кои имаа вкупно 183 ангажмани во кои се потрошени вкупно 978 часови волонтерска работа.


На прашањето на ТРМР зошто Црвениот крст не организирал ваква акција и по поплавите во Бугарија, каде имаше 12 жртви, претседателот на  Републичкиот Црвени крст рече

Ние веднаш понудивме помош до колегите од Црвениот крст на Бугарија. Тие учтиво не одбија со објаснување дека имаат доволно капацитет да се справат со проблемот.   Потоа објавија дека побарале помош од сите Бугари каде и да живеат, на што не можевме да се приклучиме- рече Трајков

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »