речник контакт

Собрани и поделени 15 пакети со храна за Недела на гладот

Пакетите ОО на Црвен крст Велес ги предаде на лица од семејно ранливите категории, на кои им е неопходно потребна

Петар Печков

Распределена  e храната која велешани ја донираа за Неделата на гладот. Во периодот од 16-ти до 22-ри октомври, на неколку пункта во маркетите на Жито, купувачите можеа да оставаат храна, која е нерасиплива и со подолг рок на траење.  Акцијата ја спроведе Општинската организација на Црен крст Велес помогната од Жито маркети.

Се  собраа вкупно петнаесет пакети со донација, дел од граѓаните, дел донираше Жито Маркети и ново отворената бензинска станица помеѓу Велес и Градско „Дади компани“. Сите пакети кои ги имавме оваа седмица ги дониравме на лица од семејно ранливите категории, на кои им е неопходно  потребна - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст од Велес.  

Поради пандемијата со Корона вирусот оваа година Неделата за борба против гладот Општинската организација на Црвен крст ја обележува на овој начин, а не преку традиционалната акција во основните и средните училишта на територија на Општините Велес, Градско и Чашка каде учениците купуваа вредносни бонови

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »