речник контакт

Советникот Николов побара општината да организира бесплатен сезонски автобуски превоз до езеро Младост

Превозот би бил во текот на летните месеци

Петар Печков

Советникот Марјан Николов, на последната 32 седница побара локалната власт повторно да организира автобуски превоз до езерото Младост. Тој би бил бесплатен и сезонски, преку летото.

„Такси до езеро е со цена од 250 до 300 денари. И не може секоја фамилија, или ученик да си дозволи да замине таму на плажа, на рекреација. Затоа е потребно општината да организира бесплатен автобуски превоз. Тој би сообраќал  3-4 пати во текот на денот, во двата правци  од неколку локации во градот. Таков превоз имаше пред две години и не гледам причини зошто повторно да не се воспостави“ - кажа Николов.

Организиран автобуски правец, сезонски, имаше и го  организираше „Транс Велес“. Со замирањето на оваа транспортна  фирма, замре и превозот. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »