речник контакт

Советниците бараат локалната власт да постави пет мониторинг станици за квалитетот на воздухот

Ова барање доаѓа по реакциите на граѓаните за работата на Варницата ,,Техно павер,, и пожарот во Маслодајна. Се бара и информација има ли поствено мерна станица варницата Техно Павер како што е според добиената А еко дозвола

Петар Печков

Советниците на   Општина Велес, побараа од локална власт да се  распише меѓународен тендер за набавка на мониторинг- станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот  воздух во градот,  на пет локации во градот.

Ова е заклучок од седницата на која се расправаше за  состојбата со квалитетот на животната средина во  Велес а по реакциите на граѓаните за работата на Варницата ,,Техно павер,, и пожарот во Маслодајна.

Целта е  транспарентно да се следи состојбата со можни загадување на воздухот од индустријата, домаќинствата и сообраќајот - пишува  во документот.  

Барањето доаѓа како реакција на тоа што во Велес работи само една мерна станица за квалитетот на воздухот, на  Министерството за животна средина (МЖСПП), но и таа мери  само со два параметри, додека ПМ 10 честичките не се мерат од лани во јули. 

Се побара и информација од Државниот инспекторат за животна средина дали ,,ТЕХНОПАВЕР Скопје – Каменолом Превалец Велес,,  го исполнил условот 6.1.8 од А -Интегрираната еколошка дозвола со  кој се пропишува дека е потребно да постави во најблиската станбена зона, која се наоѓа во правец на ветерот најмалку една мерна станица за квалитет на амбиентниот воздух.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »