речник контакт

Советниците побараа локалната власт да ги врши јавните набавки во училиштата, откако во едно од нив се констатираа високи разлики во набавката на канцелариски материјали

Тоа би било по теркот на групни набавки за санитарни прегледи и за осигурување на објектите –училиштата

Петар Печков

Советниците едногласно освоија заклучок со кој бараат од локалната власт да ги преземе сите тендери од училиштата  и да ги работи Општина Велес. Тоа би било по теркот на   групни набавки за санитарни прегледи и за осигурување на објектите –училиштата.  Ова беше кажано на последната 32 седница на Советот.

„Потребно е општината да ги земе сите тендери од училиштата и таа да ги спроведува. Тие се дел од листата на надлежности на општината, на локалната власт. За да се отстрани сомнежот дека е можно да се прават манипулации со тендерите, предлагам  општината да ги спроведува“ – кажа Катарина Ѐфремова член на Советот.  

До ова дојде откако нејзиниот колега Дејан Палашев зборуваше за тендер во средното училиште Димитрија Чуповски, со кој се набавува канцелариски материјал.   Во него имало точно 110 ставки. Дел биле со смешни цени а за материјали за  кои училиштето немало потреба, наспроти нив  ставки кои се набавувале често а биле  со високи цени.

„ Разликата е воочлива кај тонерите. Тонери  за ХП принтер ласер џет сет 7 илјади – едно парче 30 денари, а истиот тонер чини 1.400 денари. Тонер за ХП принтер 5035, по набавна цена од 35 денари кој на пазарот чини 1,5 илјади денари. Тонер ХП ласер Џет 1010 за училиштето  чини 2,2 илјади денари, истиот тонер е 800 денари на пазарот. Тонер за принтер ласер џет 1102, продажна цена за школото е 2100 денари а на пазарот сега се продава 510 денари. Тонерите кои ги користи училиштето се четири пати поскапи од пазарните, за разлика од тие што не ги корсти кои се за смешни суми од 30 денари. Фото копирна Хартија  А4 формат од 500 листа е 320 денари, пред една година кога е заклучена јавната набавка, не беше по таа цена. Затоа има и други хартии по цена од само 10 денари.  Регистратори А5 нестандарден формат, не знам дали некој го користи, по цена од 15 денари. За разлика од регистратор А4 кој чини 140 денари“- кажа Палашев.  

Тој дополни дека дел од тонерите, кои ги набавувала Општина Велес од истиот добавувач, истите марки ги нудела   по различни цени, иако јавната набавка  била  склучена во без малку истиот период.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »