речник контакт

Советот го избра Орце Коцевски за командир на ПС Велес

Градоначалникот Коцевски се огради дека е во роднинска врска со командирот Коцевски

Петар Печков

На  денешната 9-та седница на Советот на Општина  Велес, со мнозинство гласови за командир на Полициска станица Велес, беше избран  Орце Коцевски. Тој на оваа позиција беше како в.д поставен од Министерот Спасовски  од 12 јули.   

Согласно Законот за полиција за ова месо во велешката полиција беа предложени од страна на МВР тројца кандидати - Орце Коцевски, Тони Ташов и Игор Ѓоргиоски. Комисијата за мандати го предложи Коцевски и тој беше избран. Коцевски има завршено Правен факултет при УКИМ Скопје и 16 години работно искуство.   

Коцевски на оваа раководна позиција доаѓа од местото главен инспектор во Одделот за внатрешна контрола на МВР каде работи повеќе од пет години. Тој е и претседател на  За време на конфликтот во 2001 припадник е на  ЕСЗ Тигар.

Коцевски досега беше вршител на должноста командир на ПС Велес и со својата работа покажа дека има квалитет за раководната позиција.  Јавноста треба да  знае дека за да биде командир тој се симна на  неколку позиции пониско од  претходното работно место. Имаше предизвик со организирање на  локални избори, кои минаа без реакции и проблеми  - посочи Душко Петров, претседавач на  Советот на Општина Велес.   

Опозицијата во велешкиот Совет, која беше присутна во салата, не гласаше, објаснувајќи дека така го продолжуваат нивниот  бојкот и револт, за притворените од ,,крвавиот четврок,,  27 април и настаните од Собранието. 

Градоначалникот  Коцевски  кажа дека немаат никава роднинска врска со командирот на полицијата.

Заради јавноста да кажам дека не сум во никаква роднинска врска, во ниту едно фамилијарно колено со командирот Коцевски - посочи  градоначалникот Коцевски. 

Потсетување дека началник на  СВР Велес е Злате Јаневски,  командир  на сообраќајната полиција е  Иса  Лимани,  Енис Тутиќ е помошник началник на одделние, Трајче Алтанов командир на полициско одделение Чашка.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »