речник контакт

Советот за факти утврдил дека кај судиите од Велешки суд нема неправилности

Поднесени биле десет иницијативи за девет месеци од годинава, од незадоволни странки во постапките на Основен суд Велес, но сите се отфрлени

Петар Печков

Нема неправилности во постапките и работата на судиите од  Основен суд  Велес. Ова го констатирал  Советот за утврдување на факти и покренување на постапки за утврдување на одговорноста.

Во нивниот извештај за периодот од првите девет месеци до годинава,  од нив стигнале  десет  иницијативи, кои ги поднеле незадоволни учесници во судската постапка. На ниво на Македонија за овој период биле стигнати дури 331. 

Од примените Иницијативи во 2017 година, повеќе од половината од пристигнати иницијативи се веќе решени и се известени подносителите, а дел се останати во работа. За седум предмети, Советот на седница одлучил дека иницијативата е основана и биле формирани комисии – стои во извештајот на Советот за утврдување на факти.

Од вкупно примените Иницијативи во текот на споменатиот период во 2017 година, најмногу се однесувале за неправилности во работата на судии во Основен суд Скопје 2 Скопје, потоа следуваа Иницијативи за работата на судии во Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Охрид, а за судиите во Основен суд Неготино, Основен суд Ресен, Основен суд Виница, Основен суд Делчево и Основен суд Радовиш пристигната е по една иницијатива за сторена неправилност во нивната работа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »