речник контакт

Советот на Општина Велес отстапи просторија во пожарната на МВР, за издавање на готовите лични документи

Оваа одлука треба да биде излезена во Службен гласник на Општина Велес а потоа градоначалникот со належените од МВР да ги потпише меѓусебно договорните права и обврски

Петар Печков

Советот на Општина Велес донесе одлука за отстапување на користење просторија на службите на СВР Велес. Таа е од времен карактер,за да се избегнат гужвите при издавање на готовите лични документи.   Точката како итна беше поставена на денешната 47 седница.

„Просторијата која ја издаваме е во зградата на ТППЕ Велес. Овој недвижен имот се издава на времетраење до шест месеци, бидејќи до толку месеци беше побарана од страна на МВР. Таа ќе служи исклучиво за издавање на готовите лични документи, додека фотографирање за новите исправи ќе биде во просторијата каде беше и досега“ - кажа Анита Пивкова раководител на сектор при Општина Велес.

Оваа одлука треба да биде излезена во Службен гласник на Општина Велес а потоа градоначалникот со належените од МВР да ги потпише меѓусебно договорните права и обврски. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »