речник контакт

Советот на Општина Велес ја префрли организацијата на Фестивалот на античка дрма, на велешки театар

Фестивалот треба да се одржи во првата половина на месец август

Петар Печков

Советот на Општина Велес донесе одлука, со која го  отстапува  правото на реализирање на културната манифестација -Фестивал на античка драма „Стоби“ . Со ова од годинава  организатор на оваа манифестација ќе биде велешкиот театар, НУЦК „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“

Според одлуката  должен да донесе Правилник за начинот и постапката за реализирање на Културната манифестација Фестивал на античка драма „Стоби“ Велес и да донесе Годишна програма според која ќе се реализира манифестацијата.

Предвидено е  Културната манифестација фестивал на античка драма „Стоби“, да  ја реализира Организациски одбор составен од претседател и четири члена со мандат од две години.

Финансиските средства предвидени во Програмата за реализирање на Културната манифестација фестивал на античка драма „Стоби“, Општина Велес ќе ги префрли на сметка на театарот, како организатор .

Најавено е дека кон крајот на месецот ќе се одржи прес конференција, на која јавноста ќе биде запознаена со програмата и детали на „Фестивалот на античка драма“ кој треба да се одржи во првата половина на месец август. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »