Петар Печков
Објавено: четврток, 29 септември 2022
Советот на Општина Велес ја прифати донацијата од стана на велешка Маслодајна, која го обнови детскиот парк „Дизни“. Истата е во висина од 25 илјади евра.
Просторот е повеќе функционален, комплекс од повеќе содржини. Реквизитите од забавниот парк се за возраст на деца од 3 до 8 години. По оваа одлука, која беше едногласно донесена, детскиот парк ќе премине во сопственост на Општина Велес.
„Сакам да го пофалам и поздравам гестот на менаџментон на фабриката. Тоа е пример и за останатите од градот, како да се однесуваат како општествено одговорна компанија. Се надевам и очекувам дека и други ќе гои следат овој пример“ - рече Марјан Николов, координатор на советничката група на СДСМ.
Tweet |