Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 декември 2024
На седницата што се одржа на ден 30.12.2024 година Општина Чашка го презентираше Предлог Буџетот на Општина Чашка за 2025 година кој изнесува 239.129.358 денари каде што трансферите и дотациите од централната власт имаат доминантна улога.
Истиот е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (Буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Еден од најзначајните акти што во 2024година ги усвои Советот на Општина Чашка е Буџетот на општината и Одлуката за извршување на буџетот, со прифаќање од страна на сите Советници.
Покрај присутните проблеми како и во тековната 2024 година така и во наредната 2025 година планира да финансира во инфраструктурните објекти во општината како основна цел за подобрување на условите за живеење и подобрување на условите за развивање соодветни бизниси.
Tweet |