речник контакт

Советот одлучи да се продаваат зградите на поранешните училишта во Долно и Горно Оризари

Едното се нуди за 78.800 а другото за 18.800 евра. ќе се продаваат на јавно наддавањe

Петар Печков

Советот на Општина  Велес  на последната ланска седница, одлучи да ги  продава двете згради на поранешните училишта во Долно и Горно Оризари. Продажбата ќе се врши по пат на јавно  наддавање  Почетната цена за зградата на поранешното Основно училиште, кое е на површина од 875 м2,  лоцирана во Долно Оризари е 78.800 евра.  Цената е утврдена согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот.

Објектот се наоѓа во лоша состојба, оставен на забот на времето истиот подолговреме не се користи и е напуштен. Затоа и  оваа Одлука со која објектот ќе се стави во одредена функција со можноста истот да се отуѓи и продаде, ќе се овозможи негово   обновувањ,  нова градба или реконструкција на истата. Така ќе се придонесе да се разубави просторот во селото. Предложената почетна цена е постигната по спроведена проценка за состојбата на објектот од страна на овластен проценител - изјавија од  Општина Велес.

 Се донесе одлука за продажба и на зградата на поранешното ОУ во Горно Оризари. Почетната цена за зградата на поранешното Основно училиште, кое е на површина од 250  м2,  лоцирана во Горно  Оризари е 18.800 евра   И  тука цената е утврдена согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот.

Објектот подолго време не се користи, истиот е напуштен и руиниран. Порано тој бил училишна зграда каде се изведувала настава, денес учениците учат во нова зграда, што значи дека овој објект моментално не е во функција никој не го одржува и има видни оштетувања. Предложената почетна цена е постигната по спроведена проценка за состојбата  на објектот од страна на овластен проценител - објаснија од локалната власт.  

 Се очекува наскоро Општина Велес да го објави јавното наддавање, со условите за конкурирање и роковите за продажба. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »