речник контакт

Создаден регистер за вдомени животни

Меѓу активистите кои работеа на овој регистар и велешкото здружение Глас на животните а можат да го користат и велешани

Петар Печков

Со цел евиденција на секој кој вдомува миленици, како и промоција на одговорно сопствеништво и грижа за животните, Анима Мунди ,благодарение на трудот на посветениот активист Младен Ѓоровски (студент на Финки) , здружението за заштита на животни МАЛИ ХЕРОИ (од Битола) и ГЛАС НА ЖИВОТНИТЕ (Велес) го промовираат првиот Регистар на вдомени миленици и нивните сопственици . 

http://registar.eu5.org/


Регистарот е еден од начините да се воспостави база на податоци и промовира одговорно чување на кутре или маче, но и контрола на нивно ненапуштање. До сега во Македонија не постои никаква база на сопствениците и нивните животни, што е огромен пропуст, и дава можности за нехумани и неодговорни практики (напуштање, неконтролиран расплод). Па потоа тие животни масовно се убиваат на улиците, без обид да се лоцира и превенира проблемот. Сопствениците на животните евидентирани како вдомени понатаму добиваат низа попусти за ветеринарни интервенции, како и совети и друг вид помош во рамки на можностите на Анима Мунди, Мали Херои и Глас за животните.
 
Регистарот може да го користи и секој жител на државата кој вдомува милениче и кој сака да го евидентира животното кое го подарува – на начин на кој понатаму кутрето или мачето ќе може да биде под извесна контрола, и да контактира со новите сопственици.. На регистарот има повеќе опции, меѓу кои и можност да се информирате разгледате  кутриња, мачиња, по некое друго животинче кое бара дом.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »