речник контакт

Сомнително лице на МНТ на 28-ми гостува во Велес

На 24-ти Алма Малер на мала сцена

Петар Печков

Следната сабота  28-ми март, во велешкиот театар гостува најизведуванат претстава на МНТ ,,Сомнително лице,,.  Претставата е адаптација на делото на Бранислав Нушиќ, а режисер е Синиша Ефтимов.За костимографијата се погрижи Лира Грабул,а за сценографија Љубо Јованоски.

Комедија за мрзеливи и неспособни чиновнци кои своите одлики ги добиваат со сушење и чување на чорапите и долниот веш во фасциклите наменети за „значајни случаи“. Ова е претстава која ќе ве насмее до солзи.

Актери кои ќе ја изведиваат комичната претстава се: Сашко Коцев ,Александар Микиќ ,Никола Ристановски ,Емил Рубен,Оливер Митковски ,Магдалена Ризова-Черних,Ванчо Петрушевски ,Гораст Цветковски ,Јелена Јованова.

 На 24-ти, на малата сцена во новиот театар  е најавено гостувањето на театарскиот проект ,,Алма Малер,,. 

Претставата „Алма Малер“ е монодрама за еден од најраскошните женски ликови на сите времиња - Алма Малер. Приказната за фрагментите живот на музата на многу уметници од времето на сецесионизмот е раскажана во интерпретација на актерките Милица Стојанова и Звезда Ангеловска. Режисер на драмската адаптација на истоимениот роман на Сашо Димоски е Васил Зафирчев.

Претставата „Алма Малер“ е копродукција помеѓу „Арт-маркетинг“ и Македонскиот народен театар.  Раскошната Алма Малер (1879-1964 г.) им била сопруга на композиторот Густав Малер, архитектот Валтер Гропиус и на писателот Франц Верфел, но и муза на сликарот Густав Климт. Таа била и мошне надарена композиторка, а нејзиниот салон бил еден од највлијателните во Виена.

 Во април е најавено гостување од Танц фест додека во мај на претстави од Шекспир фест.  

 Претставата ,,Шестиот кат,,  ќе се изведе на 27-ми и 31-ви март. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »