речник контакт

Сообраќаен карамбол кај Отовица

Во верижен судир кај Велес, шестмина повредени пет автомобили оштетени

Петар Печков

Претпладнево  во верижен судир кој се случи близу Велес, повредени се шест патника а   пет автомобили се оштетени. Според МВР сообраќајната незгода се случила  во 9,30 ч. на делницата од  автопат Скопје – Велес, близу наплатната рампа Отовица.

Во сообраќајката која   била на 400 метри пред наплатната рампа учествувале пет  автомобили мазда, мерцедес и  голф со прилепски регистарски таблички и  волво и опел фронтера со кавадаречки таблички.  Има шестмина  повредени патници, кои подоцна била пуштени на домашно лекување – изјавија  од МВР.  

На повредените  прва помош им била укажана   од   докторите   на   велешка итна  помош и со две  возила ги  префрлиле  во Општа Болница Велес, дел згрижени на хирургија дел на ортопедија. Кај еден  повреден  била  регистрирана скрешница  на клучна коска  а другите минале со лесни повреди по што сите се пуштени на домашно лекување.  Во времето кога се случила сообраќајката било врнежливо и патот бил лизгав. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »