речник контакт

Сообраќаен хаос во Велес уште еден и пол месец

Поради обновата на мостовите.

Петар Печков

Возачите тешко се снаоѓаат и, наместо да го продолжат патот за Гевгелија, заскитуваат кон Велес и Штип. Уште еден и пол месец ќе има метеж по велешките улици поради обновата на четирите мостови на автопатот Скопје-Гевгелија во близина на Велес.

Неофицијално дознаваме дека градежните активности ќе завршат на крајот на септември, по што возилата нормално ќе може да сообраќаат по автопатот. Работите ги изведува скопската фирма „Синтек“, која е подизведувач на турската „Џесаш“, која го доби тендерот на НАТО вреден 35 милиони евра, со кои треба да се обноват 14 мостови во земјава. Дотогаш тие мора да ги користат локалните патишта во Велес, по кои одвај се снаоѓаат поради лошата патна сигнализација.

Илјадници автомобили со странски туристи летово лутаат низ велешките улици или заминуваат во погрешен правец. Возачите тешко се снаоѓаат и, наместо да го продолжат патот за Гевгелија, заскитуваат кон Велес и Штип.

Спорни се три точки - исклучувањето кај Башино Село, приклучокот кај Штипската бензиска пумпа и кон автопатот. Деновиве се исправени некои грешки, така што дел од таблите се заменети со нови, на кои градовите се напишани со латинично писмо, а има и такви што покажуваат во кој правец е Атина.

На некои правци, пак, наместо знаци, поставени се купишта земја или метална конструкција за да спречат автомобилите да тргнат во забранет правец. Но и покрај тоа, поголем дел од возилата завршуваат во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »