речник контакт

Сообраќајка, со двајца повредени жители на Караслари

Се судриле „Цитроен“ без регистарски ознаки и „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки

Петар Печков

Петокот попладне на магистралниот пат Велес- Штип, се случила сообраќајна незгода, каде повредени се двајца жители на село Караслари. МВР со детали за несреќата.

Околу 17.20 часот на регионалниот пат Штип- Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен“, без регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(63) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.К.(30) од село Караслари. По незгодата, двајцата возачи и малолетна сопатничка од село Караслари во возилото „фолксваген голф“ биле пренесени во болницата во Велес, каде на Ф.М. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Г.К. и сопатничката биле констатирани телесни повреди - соопштија од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за несреќата.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »