речник контакт

Сообраќајка близу Велес, двајца мигранти се во животно загрозувачка состојба

Возилото кое превезувало 13 мигранти удрило во заштитна ограда, две момчиња од Бангладеш се борат за живот во клиниките во Скопје

Петар Печков

Утрово околу 6,30 часот во сообраќајна незгода двајца мигранти се тешко повредени и во животно загрозувачка состојба се пренесени на клиниките во Скопје.  Станува збор за две момчиња на околу 20-тина години од Бангладеш на кои прва помош им дала екипата на итната помош од Велес и ги префрлила до велешка болница. 

Утрово околу 7 часот на хируршкото одделение донесени се две момчиња, мигранти повредени во сообраќајна незгода. По извршените претраги и снимања констатирано е дека  имаат тешки телесни повреди и се во животно загрозувачка сосојба. Пренесени се на клиниките во Скопје - информираше Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Двете момчиња биле дел од поголема група мигранти  која била превезувана со возило по автопатот Гевгелија - Скопје. Мигрантите кои побегнале по сообраќајката  биле фатени на мостот на Вардар близу Велес, во колона како се движат по автопат.  Според очевидци возилото удрило во заштитната ограда, во близина на автопатот после Градско, каде се градат новите кабини за наплата. 

На автопатот Градско – Велес, патничко возило  „Рено Еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело. По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени  13 мигранти од кои двајца биле повредени- изјави Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.  Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот. Регистарските таблички со кој е управувано возилото биле украдени од друго возило. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »