речник контакт

Сообраќајка во Речани, двајца повредени

Поради сообраќајката километарски колони од возила во населбата

Петар Печков

Понеделникот   напладне се случи сообраќајка во населба  Речани, во која се судриле автомобил и камион,  има  двајца повредени, еден со тешки повреди.

Според СВР Велес сообраќајната незгода се случила во 12.10ч.на улица „Академик П.Давчев“ во близина на куќен број 52. Во неа  учествувале патнички автомобил марка „БМВ“ со велешки регистерски ознаки управуван од И.Ј. (1978) од село Иванковци и товарно возило марка „Ивеко“ со велешки регистерски ознаки со приклучно возило марка „Кроне“ управувано од И.Т. (1978) од Велес.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил и  сопатникот во товарното возило Б.М. (1987) кои со возило на Итната медицинска помош се пренесени во ЈЗУ Општа болница Велес.

Доктор Филип Тодорвоски  информираше дека   поради  специфичноста  на повредите возачот на патничкиот автомобил И.Т.  е препратен  во Ургентен Центар - Скопје . Тој имал повеќе скршеници, на десна потколеница, отворена скршеница на лева натколенциа и лева надлактица.  

По овластување на јавен обвинител увид на лице место изврши увидна екипа од Полициска станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »