речник контакт

Сообраќајка во Шорка, двајца млади тешко повредени

Пронајдено човечко тело, пред тунелот кај Рајко, кое било на делови

Петар Печков

МВР информираше за два настани кои се склучија на територијата на Велес. Сообраќајка во Шорка, во која двајца млади се тешко повредени, откако автомобилот удрил во камион. Пред тунелот на Рајко, утринскиот воз за Скопје забележал човечки труп, кој бил во делови. 

На 5-ти јануари, недела наутро,  во СВР Велес било пријавено дека околу 04.50 часот на ул.„Вардарска“ се случила сообраќајна незгода во која П.М.(20) од Велес, управувајќи патничко возило „форд мондео“, со велешки регистарски ознаки,  изгубил контрола над возилото и удрил во товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле П.М. и неговиот сопатник А.К.(19) - пишува во информацијата на МВР. Во сообраќајка интервенирала екипа на велешка Итан помош , ги згрижила повредените и ги пренела во Општа Болница Велес, од  каде поради тежината на повредите  се пренесени   во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ .

На 4-ти јануари, сабота наутро,   6.45 часот во СВР Велес било пријавено дека машиновозачот во МЖ С.В.(50) додека сообраќал со товарен воз на релацијата Гевгелија - Скопје, после Железничката станица Велес, забележал човечки труп. Од полициски службеници од СВР Велес бил извршен увид по што било утврдено дека станува збор за машки труп на возраст од околу 50-60 години, кој најверојатно претходно бил прегазен од воз - соопштија од МВР. 

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за идентификација на телото и расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »