речник контакт

Сообраќајка во населба Чашка, девојче со тешка телесна повреда

Сообраќајката се случила помеѓу автомобил и електричен тротинет

Петар Печков

Сообраќајна несреќа во Чашка, во која тешко е повредена малолетна девојка,која била на електричен тротинет. Деталите од информацијата на велешката полиција и велешка болница.

„На 29.04.2025 во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со ул.„Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес.

„Во вечерните часови доенсена е малолетна пациентка. Извршни се потребните компјутерски снимања и констатирана е скршеница на десна надлактица. Згрижена е  на ортопедија, пред одлука за натамошен третман“ – кажа др- Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »