речник контакт

Сообраќајка во тетовско, петмина жители на Јаболчиште минале со телесни повреди

Во сообраќајката учествувале товарно возило „Там“ со велешки регистарски таблички и автомобил марка „Ауди“ со тетовски, чии патници минале со тешки телесни повреди

Петар Печков

Во сообраќајка, која се случила на автопат Гостивар - Тетово, седуммина повредени, меѓу нив и петмина жители на Јаболчиште. Сите минале со лесни повреди, за разлика од патниците во автомобилот. МВР со детали на сообраќајката.
 
„На 04 август во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар -Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“ - соопштија од МВР.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »