речник контакт

Сообраќајка во тунелот во Катланово, сообраќајот во прекин 90 минути

Се судриле два камиони, автомобил еден повреден, кој е згрижен во велешка болница и е надвор од животна опасност

Петар Печков

Сообраќајна несреќа која се случи  напладне во тунелот Катланово, предизвика сообраќаен колапс на автопатот Велес - Скопје.  Километарската колона  се протегала неколку километри пред тунелот, додека автомобилите кои биле во тунелот  чувствувале проблеми со дишењето.

 Од СВР Велес ја потврдија сообраќајката, која се случила во 13,50 часот и во неа учествувале два камиони и еден автомобил. Сообраќајот е нормализиран околу  15,15 ч. Дел од возилата се упатиле кон Скопје по стариот пат, додека тие што се во тунелот, се жалат на издувните гасови и имаат тешкотии со дишењето. 

Повредениот  е префрлен во велешката Болница, Лекарите информираат дека сосотојбата му е стабилна и не е во животна опасност.Од несреќата лицето се здобило со повреди на ногата, градниот кош и главата.

Според изјавите од очевидци до несреќата дошло кога комбе се обидело да претекне камион. Во истовреме автомобилот тргнал да го претекне комбето и удрил во него.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »