речник контакт

Сообраќајка во центарот на Велес со двајца повредени

Едната од повредените девојки поради тешките повреди е испратена во Ургентниот центар во Скопје

Петар Печков

 Во 16,55 часот  на улицата Благој Ѓорев, кај некогашната кафеана Ерик излета автомобил при што двете девојки кои се наоѓале во него  се повредени а едната се бори за живот.  Форд фокус  во велешки регистарски таблички  управуван од  Емилија Темелковска ( 23 год) излетал од патот удрил во дрво па во заштитната ограда од театарот ,,Џинот,,  кој е во градба.

Таа поради тежината на повредите веднаш е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, додека сопатничката  Јовановска Маја ( 20 год)  е здржана во велешката болница и според дежурниот доктор Кире Марковски е вон животна опасност со повреди на вилицата. СВР Велес, дежурен истражен судија и јавен обвинител беа на лице место. Сведоците тврдат дека автомобилот возел премногу брзо и пред него на пешачкиот премин имало друг автомобил, кој сакал да го престигне.

Но најверојатно од брзината автомобилот форд фокус преминал на левата страна од патот, удрил во дрво  се извртел во место и завршил во заштитната ограда од театарот. За истрагата да биде целосна ќе се земат во предвид и снимките од безбедносните камери од продавницата ,,Тобако,,  Според СВР Велес до несреќата дошло поради не придржување  на пропишаната брзина и не прилагодување на условите на патот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »