речник контакт

Сообраќајка кaj Каратманово, тројца млади тешко повредени

Ноќеска екстремно тешки услови за возење, густа магла. Двајцата повредени во тешка состојба, пренесени во Клинички

Петар Печков

Ноќеска околу еден часот по полноќ на магистралниот пат Велес – Штип, кај селото Каратманово се случила тешка сообраќајка, во која има повредено три млади лица

Во автомобил голф 4,  со кој се враќале од забава во Лозово биле С.Б. ( 30 год), С..(30 год) и Ј.А. ( 25 год) сите од Иванковци. Според сведоците автомобилот металик боја излетал од патот и паднал во ендек.

Инцидентот се случил во мошне тешки временски услови, густа магла која ја отежнувало давањето на помош од страна на докторите од Итната служба но и транспортот на повредените до Клиниките до Скопје.

Според докторите од велешката Болница двете повредени лица имале тешки повреди и морале да бидат транспортирани  за Скопје, додека  најмладиот е  на хируршкото одделение. 

Таму се пренесени  С. Б. и Ј. А. додека С. С. е зaдржан во велешката Болница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »