речник контакт

Сообраќајка кај Виничани, автомобилот излета, почина возачот

Кумановецот излетал од пат. Ова е втора сообраќајка со смртни последици за седум дена во велешко. Во вторникот вечер сообраќајка кај Пуста кула

Петар Печков

Средата попладне околу 18.30ч.на автопатот А1  Велес- Градско, во близина на исклучок за село Виничани  се случила сообраќајна незгода, во која возачот Радислав Д. починал  на лице место.

Автомобил  марка „Опел-Зафира“со кумановски регистарски ознаки, сопственост и управуван од Р.Д. (52) од Куманово, изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и се превртел во канал за атмосферски води, на длабочина од 3м. Како последица на добиените повреди возачот починал на местото на настанот и е причинета материјална штета на возилото од околу 300.000ден – изјавија од СВР Велес.

Телото на починатиот е упатено на обдукција, а возилото  е однесено во Станицата за технички преглед на АМСМ - Велес.

Извршен е у вид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител и  екипа од СВР Велес, по шот  ќе се знаат причините за несреќата. 

Вторникот вечер  околу 21.00 ч. на автопатот А 1 Велес - Скопје, близу Пуста  кула сообраќајка помеѓу две возила а едното возило е  толку оштетено што е хаварисано. 

На вијадуктот кој се наоѓа на 1,2 км пред Зимскиот пункт на „Македонија пат“, кај м.в. „Ајдучка Чешма “, дојдено е до сообраќајна незгода помеѓу автомобил  марка „Цитроен Ц-4“ со национална ознака на Р. Грција управувано од Д.М.(46) во Р. Италија а живее во Р. Грција. и камион  марка „Мерцедес Бенз 1317“ со струмички регистарски ознаки  управувано од В.Д.(61) од Струмица.  До незгодата е дојдено поради не држење на растојание помеѓу возилата. Во незгодата автомобилот е целосно хаварисан – изјавија од СВР Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »