речник контакт

Сообраќајка кај Градскиот саат, со лесни повреди на возачот но со застој на сообраќајот

Девојката родена 1992 минала со лесни повреди

Петар Печков

Сообраќајка кај паркингот пред Градскиот саат, која неколку часа го парализираше сообраќајот во градот.

Сообраќајката која се случила околу 11ч.  минала со полесни повреди на еден од учесниците, но затоа има материјална штета на автомобилот  и застој во сообраќајот.

„Пежо со велешки регистарски таблички доаѓаше од кај Стар мост, и тука пред паркингот удри во возило  ауди , кој потоа удри во паркиран автомобил пред поранешната стара аптека“ раскажува сведок.  

Први на местото до настанот интервенирала екипа на Итната помош.

„Повредена е девојка родена 1992-ра година,  имала лесни повреди на граден кош и глава, се жалела на болки во колк. Дадена потребна помош и пренесена на хирургија од Општа Болница Велес. Имаше уште еден учесник во сообраќајката, кој не беше повреден“ - кажа д-р- Василка Пановска, началник на Итната помош во Велес.

Од велешка болница потврдија дека е донесен пациент, кој имал лесни повреди и е пуштен дома.  Додека се вршеше увид од страна на сообраќајната полиција, имаше застој на сообраќајот од кај ВЕМОЛ па се до Стар мост.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »