речник контакт

Сообраќајка кај Долно Караслари, дете се здобило со тешки телесни повреди

Автомобил излетал од автопатот, удрил во заштитна ограда па во друг автомобил

Петар Печков

Саботата приквечер,  на автопатот  Велес - Скопје, близу село долно Караслари се случила сообраќајка. Три лица се повредени, едно 15 годишно дете е пренесено на Максио -фацијална во Скопје.

„На 5 август околу 19.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Велес – Градско, пред исклучокот за село Долно Каласлари, велешко, Т.С.(43 год) од Велес, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрило во заштитна ограда и во патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, управувано од А.А.(24 год) од Битола, со живеалиште во село Дебреште, општина Долнени“ - соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото „фолксваген голф“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и друг малолетен сопатник од неговото возило, констатирани во Општа болница во Велес.

“Донесени се три лица, две деца и еден возрасен. Петгодишното дете и возрасниот минале со лесни повреди, додека 15 годишното дете поради специфичните повреди   е пренесено на  Максио -фацијална во Скопје“ - информира д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »