речник контакт

Сообраќајка кај Дреново, петмина повредени

Директно се удриле два автомобили, едниот кон а вториот возел од Јаболчиште

Петар Печков

Попладнево се случи сообраќајка во која има петмина повредени. Според велешката полиција сообраќајната незгода се случила  во 15,30часот, на локалниот пат Чашка-  Јаболчиште. Во неа  учествувале патнички автомобил марка „фолксваген голф“ и патнички автомобил марка „фиат“ .  

 Дел од повредените биле превезени со автомобили а двајца со возило на Брзата помош, при што биле згрижени и е укажана потребната лекарска    помош, при што се пренесени во  велешката Болница. 

Во едниот автомобил повреден е возачот со скршеници и петгодишно дете. Во вториот автомобил  имало момче на 15 годишна возраст и две девојки на 21 годишна возраст.

Прививме пет повредени лица, четири се пуштени на домашно лекување откако им е пружена неопходната здравствена заштита.  Возачот од едниот автомобил има повредни поради  кои мора да остане во Болница,  но не е во животно загрижувачка состојба – изјави д-р Петре  Кодовски.  

Од полицијата  велат дена нивна екипа направила увид на местото на сообраќајката. Поради тесниот коловоз, и  увидот, сообраќајот од и кон Јаболчиште беше во  прекин два часа, па имало доста нервозни ситуации и возачи кои чекале и  биле нетрпеливи.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »