речник контакт

Сообраќајка кај Катланово со осумина повредени

Учествувале два автомобили-еден управуван од велешанец и еден камион

Петар Печков

Вчера напладне на автоаптот Велес -Скопје  околу 11:55 часот во   атар на село Катланово се случила сообраќајна несреќа во која учестувале два автомобили и еден камион. Повредени биле осум лица, од кои две со тешки телесни повреди.

Во сообраќајката учестувале  патничко возило „алфа ромео“, со велешки регистарски таблици управувано од Р.Т. (1987) од Велес, патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки управувано од С.Ј. (1978) од Германија и товарно возило „ивеко“ со скопски таблици кое било запрено од С.Б. (1975) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.С.Е.(40) и малолетник,сопатници во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле С.Ј. и малолетник од истото возило. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Со телесни повреди, исто така се здобиле Р.И.(59) од Велес, Х.И.Д.(38) од Велес и две деца, сопатници во возилото „Алфа Ромео“. Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- информираа од МВР.

Извршен бил  увид на местото на несреќата од екипа на СВР Скопје, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »