речник контакт

Сообраќајка кај Лозово, судар на три автомобили

Еден од патниците е повреден. Има значителна материјална штета

Петар Печков

Петокот претпладне,  кај Лозво се случила сообраќајна незгода, вокоја учестувале три автомобили. Има само еден повреден,возачот на една од колите. МВР излезе со информација за настанот. 

Во 09.00 часот на магистралниот пат Велес-Штип, кај Лозово, дошло до судир помеѓу три возила. Патничко возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.П. (46) од Штип, удрило во патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (27) од Скопје. После тоа возилото „Тојота“ удрило во патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. (49) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил А.Г. - информираа од МВР.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »