речник контакт

Сообраќајка кај Лукоил, во која мотористот се здобил со скршеница на рака

Сообраќајка била помеѓу автомобил со винички регистарски таблички и мотор со велешки регистарски таблички

Петар Печков

Во саботата попладне, сообраќајка близу Лукоил, во која мотоциклист се здобил со скршеници. МВР со детали за инцидентот.

„На 10 септември  18.40 часот било пријавено дека во Велес, на ул.„Димитар Влахов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“, со винички регистарски ознаки управувано Н.Б.(43) од Делчево и мопед „априлија“, со велешки регистарски ознаки управуван од Л.Б.(18) од Велес“ - соопштија од МВР.

Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, дадена прва помош од екипа на Брзата помош и префрлено во велешка Болница,  констатирани каде се констатирани тешки телесни повреди.

„На  одделението за ортопедија е примен пациент кај кого е констатирана скршеница на рака. Откако му е пружена здравствена помош, мобилизиран, лицето е пуштено на домашно лекување“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »