речник контакт

Сообраќајка кај Согле, петмина повредени

Еден од повредените се здобил со сериска скршеница на ребра

Петар Печков

Неделата попладне во близина на  село Согле се случила сообраќајна незгода, во која учестувале две возила. Пет лица побарале лекарска помош.


Неделата на 11-ти април, околу 17.20 часот на влез од село Согле, општина Чашка, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено меган“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(26) од село Согле и патничко моторно возило „Опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.П.(38) од Велес - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

За настанот бил  известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Во велешка Болница биле пренесени пет лица, повеќето минале со лесни повреди освен едно лица, кое се здобило со скршеници.


Во текот на вчерашниот ден околу 19:30 часот од страна на ИМП на одделот за хирургија донесени се пет лица повредени во сообраќајна несреќа, четири лица се здобиле со лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување, додека пак  маж на 78 годишна возраст  се здобил со скрешеници на четири  ребра при што е задржан на болничко лекување на одделот за ортопедија и трауматологија при ЈЗУ Општа Болница Велес - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »